Неверојатно: Во Баерн гневни на Трансфермаркт, поради Хари Кејн!

24.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Неверојатно: Во Баерн гневни на Трансфермаркт, поради Хари Кејн!
ФОТО: FC Bayern München/FB

Ете и тоа го има. Раководните лица на еден од најголемите клубови во светот како што е Баерн Минхен да се гневни на Трансфермаркт, најпознатиот сајт за вредноста на играчите и клубовите.

Спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, е многу лут што веб-страницата Transfermarkt.de ја намали пазарната вредност на Хари Кејн, иако Англичанецот постигнува голови како во транс.
Специјализираниот онлајн портал штотуку ги објави новите пазарни вредности на играчите од Бундеслигата, а Кејн е намален од 75 милиони евра на 65 милиони евра! ​​Тоа го разбесни спортскиот директор на Баерн до крајни граници. На прашањето на новинарот на „Билд“ за спектакуларното зголемување на пазарната вредност на суперталентот Ленарт Карл, од 20 милиони евра на 60 милиони евра, Еберл луто ја спомена девалвацијата на Кејн:
“Пазарна вредност? Не ме прашувајте за тоа, јас имам свое мислење. Мислам, за проценките од Transfermarkt“ одговори Еберл
Потоа спортскиот директор на Баварците потоа влезе во детали.
„Се прашувам зошто Хари Кејн беше деградиран. Може ли некој да ми одговори на тоа? Не ме терајте да почнувам со неговата возраст“.


Патем, капитенот на Англија досега постигна 30 гола на 25 официјални натпревари одиграни во сезоната 2025/26.
Објаснувањето на Transfermarkt е „прилагодувањето на пазарните вредности се базира на фиксни критериуми. А тие вклучуваат не само спортски перформанси, туку и фактори како што се возраста и поврзаните идни перспективи, како и потенцијалната вредност за препродажба на секој играч.

Од таму има и објаснување:
“Хари Кејн беше деградиран поради неговата возраст. И покрај извонредните настапи и големиот број голови, овој тренд не запира дури ни во случај на напаѓачи од светска класа“.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата