И дефинитивно фудбалска Италија сеуште не може да го преболи поразот од Македонија во Палермо во март 2021 година, кога со голот на Алекс Трајковски го елиминиравме гигантот од СП 2022 година. Тогаш Македонија по триумфот во полуфиналето отиде на мегдан на Португалија во финалето, каде беше поразена, а Италија остана во шок. Во пресрет на баражот за пласман на СП 2026, во кој Италија во март ќе игра против С. Ирска а ако победи со подобриот од дуелот Велс – БиХ, селекторот Џенаро Гатузо покрај другото за медиумите во Италија се осврна и на тој меч со Македонија:
“Не смееме да ја направиме истата грешка што ја направивме пред четири години против Македонија. Современиот фудбал нè учи дека лесни натпревари повеќе не постојат, дека противникот секогаш може да предизвика проблеми. Важно е да знаеме како да реагираме, да не се откажуваме ако се случи нешто негативно, туку да бидеме конзистентни деведесет минути“.

