Неверојатно: Премиерлигашите досега потрошиле 3 милијарди евра за трансфери!

24.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Неверојатно: Премиерлигашите досега потрошиле 3 милијарди евра за трансфери!
ФОТО: Premier League/FB

Иако до крајот на летниот преоден рок во Премиерлигата останува ште една недела, може да се каже дека ова ќе биде преоден рок за паметење, рекорден во секој поглед, а посебно кога станува збор за парите.

Имено досега клубовите од најсилната лига во светот заедно потрошиле вкупно 3 милијарди евра. И оваа сума е рекордна во историјата на ПЛ, а секако дека ќе се надмине до 1 септември, кога ќе заврши летниот преоден рок.

Вирц, Ѓокереш, Екитике, Езе, Мбеумо…и уште многу други имиња засега се ѕвезди на преодниот рок, но се чека на Исак, Донарума.

Ливерпул, Арсенал, Сити, Јунајтед, Челзи…и натаму се клубовите кои и ова лето потрошија најмногу.

За споредба тие 3 милијарди евра се половина буџет на Р. Македонија.

Има време за уште трансфери, но се чини дека според квалитетот на ростерите, Арсенал го има најквалитетниот тим во Премиерлигата.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата