Неверојатно: Аматерски клуб од Ирска заработи 3 милиони евра од трансфер на Ливерпул!

3.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Неверојатно: Аматерски клуб од Ирска заработи 3 милиони евра од трансфер на Ливерпул!

Големо славје во Рингмахон Ренџерс, тотално анонимен и аматерски клуб во Ирска. Како и да нема ако се знае дека добија неверојатни 3 милиони евра и тоа од трансфер кој го направи Ливерпул.

Имено досегашниот голман на “Редси“, Куивин Келехер се пресели во Брентфорд за 15 милиони евра. Дотука ништо значајно, но тој Келехер бил член на ирскиот клуб од Корк во 2015 година, се разбира во младинските категории и договорено е кога како млад голман заминал во Ливерпул, од следната продажба Рингмахон Ренџерс да добие 20 насто од трансферот.

Ова не е ништо чудно, чудно е тоа што и во Р. Ирска ретко кој слушнал за овој тотално анонимен клуб.

Од клубот од Корк велат дека парите ќе бидат потрошени на подобрување на клупската инфраструктура.

ФОТО: ФЦ Ливерпул/Х


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата