Нема промени: Арсенал е прв фаворит за ЛШ, ПСЖ падна на 7. место

29.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нема промени: Арсенал е прв фаворит за ЛШ, ПСЖ падна на 7. место

Суперкомпјутерот Опта ги ажурираше своите предвидувања за конечниот пласман во Лигата на шампионите оваа сезона. Сепак, на врвот нема промени.

Арсенал се смета за главен фаворит за освојување на турнирот со 28,3% шанси за освојување на титулата. Баерн Минхен е втор, со речиси двојно помали шанси (15,9%), а Манчестер Сити ги заокружува првите три (10%).

Актуелниот победник на Лигата на шампионите, ПСЖ, е на 7-мо место на ранг-листата на веројатност од само 6,1% за да ја одбрани титулата.

Во ТОП 5 се најдоа и Барселона (8,8%) и Ливерпул (7.4%).


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата