Лудило: Голот на голманот на Бенфика во 90+8.минута за пласман во плеј – офот!(ВИДЕО)

28.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лудило: Голот на голманот на Бенфика во 90+8.минута за пласман во плеј – офот!(ВИДЕО)

Јасно е дека вечерва беше вистинска лудница во последното коло во лигашката фаза во Лигата на Шампионите. Табелата во живо се гледаше низ цела Европа, сепак лудило беше во Лисабон каде играа Бенфика и Реал Мадри. Се играше 90+8.минута, “кралевите“ го изгубија тоа место во ТОП 8, а на домашните кои водеа со 3:2 им беше потребен уште еден гол за пласман во плеј – офот.

И тогаш Жозе Мурињо му нареди на голманот Трубин да се преселе пред голот на гостите, тој тоа не само што го направи туку и го постигна голот за 4:2, гол за пласман во следната фаза.

Да не говориме каква лудница беше на „Луж“, неверојатно.

Тоа само фудбалот може да го стори.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата