Навивачите на Звезда и покрај забраната пристигнаа во Милано (ВИДЕО)

11.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Навивачите на Звезда и покрај забраната пристигнаа во Милано (ВИДЕО)

Во моментов во Милано, на Сан Сиро во рамките од шестото коло во Лигата на Шампионите, се среќаваат екипите на Милан и Црвена Звезда. Стари познаници од пред неколку децении, а овојпат во сосема поинакви улоги. Милан е далеку поквалитетен, но и Звезда има што да каже во овие дуели.

Сепак, она што се случува на теренот во моментов, имаше претходница на улиците на Милано. На навивачите на Звезда, популарните Делии им беше забрането да дојдат во Милано, од страна на италијанските власти, но тие сепак, пристигнаа. Снимката е од синоќа кога Делиите во центарот на Милано колективно навиваа и дадоа до знаење дека ништо не може да ги спречи да го бодрат својот омилен клуб.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата