Уф, невидена бламажа, брука за сите времиња на селекцијата на Хрватска и тоа на свој терен од Англија со 0:7. Невиден резил за избраниците на Славен Билиќ. Ние барем загубивме со 7:0 ама во Манчестер, а не дома.
Ова е историски срам за Хрватите кои до пред некое време важеа за трета или четврта сила во фудбалскиот свет.
Кејн и другарите немаа милост, а имаа шанси барем за уште 4-5 голови.
Серијата ја отвори Кејн во 8.минута, па стрелаа Белингам, Гордон, Сака за 0:4, резултат со кој се замина на одмор.
Во второто полувреме одново Кејн и Сака, точка стави Роџерс.
Од терминот од 18 часот играа и Исланд – Бугарија (3:0), Белорусија – Сан Марино (4:0), Естонија – Луксембург (1:0) а претходно Финска славеше со Албанија со 2:1.

