Најубави новогодишни вести за Микел Артета

30.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најубави новогодишни вести за Микел Артета
ФОТО: FC Arsenal/FB

Фудбалерите на Арсенал го продолжуваат походот кон титулата, а Микел Артета доби и добри вести, бидејќи тимот наскоро ќе биде комплетиран.

Иако во изминатите недели Арсенал имаше многу проблеми со повреди во одбраната, ситуацијата пред дуелот со Астон Вила е значително подобра. Рикардо Калафјори и Јуриен Тимбер го прескокнаа натпреварот со Брајтон поради помали непријатности и се враќаат во тимот, а на клупата би можел да се најде и Бен Вајт, кој дефинитивно е блиску до целосно враќање во ритам.

На тоа треба да се додаде дека Габриел ги одигра своите први минути против Брајтон по повеќенеделна пауза, а неодамна се врати и Вилијам Салиба, па Артета повторно може да „гради ѕид“ пред голот на Давид Раја.

Се очекува веќе против Астон Вила да заигра со најмалку тројца од четворицата стандарни дефанзивци. Најверојатно тоа ќе бидат Салиба и Габриел, како и еден од двајцата – Калафјори или Тимбер, додека Инкапије заслужува место во тимот поради одличните настапи.

Дополнително, Деклан Рајс успешно го „положи тестот“ како десен бек, но со враќањето на Тимбер и Вајт ќе може повторно да се врати во средниот ред.

Сè на сè, Арсенал на почетокот од 2026 година ќе биде значително посилен во однос на бројните проблеми со кои се соочуваше во текот на декември.

Натпреварот Арсенал – Астон Вила е на програмата вечерва од 21:15 часот.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата