Јувентус позајмува од Вест Хем

30.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јувентус позајмува од Вест Хем

Според пишувањата на „Скај Италија“, тимот на Јувентус е заинтересиран во своите редови да го доведе играчот за врска Гвидо Родригез. Аргентинецот во моментов е член на тимот на Вест Хем, а Јуве сака во Торино да го доведе на позајмица.

Родригез би можел да биде достапен на позајмица до крајот на сезоната, откако оваа сезона одигра само пет натпревари во Премиер лигата.

Други имиња што Јувентус ги истражува се Давиде Фратеси од Интер и Гонзало Гарсија од Реал Мадрид.

Јуве напролет планира да изгледа посилен на терен, па нормално дека засилувањата се во таа насока.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата