Најголемиот талент на Јунајтед побара да го напушти тимот?

8.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најголемиот талент на Јунајтед побара да го напушти тимот?
Фото: Манчестер Јунајтед

Според извештаите на „Гардијан“, 19-годишниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Коби Мајно, планира да ја одбие понудата за нов договор со клубот. Наводно, Манчестер Јунајтед би бил подготвен да го продаде Мајно, кој се проценува на 55 милиони евра, но клубот сепак верува дека би можел да договори подобрени услови на договорот.

Иако Манчестер Јунајтед е подготвен да размислува за продажба, сепак постои надеж дека Мајно ќе се предомисли и ќе прифати подобрени услови.

Мајно е производ на фудбалската академија на Јунајтед, а оваа сезона за клубот забележа 25 настапи, гол и асистенција. Него во последно време го мачат повреди. Мајно има десет натпревари за Англија, а Челзи го посакуваше минатото лето. Мајно важи за најголемиот талент на Јунајтед и еден од најголемите таленти во Европа.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата