Мурињо ќе биде новиот тренер на Бенфика

17.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мурињо ќе биде новиот тренер на Бенфика

Жозе Мурињо ја прифатил понудата од лисабонската Бенфика да го преземе тимот. Ова го објави новинарот и инсајдер Бен Џејкобс на социјалната мрежа X. Претходно, се појавија информации дека Бенфика преговара со Мурињо по отказот на Бруно Лаге како главен тренер.

Последната работа на Жозе беше во турскиот клуб Фенербахче. Тој го напушти клубот изненадувачки уште на стартот на новата сезона во Турција.

Претходно, Мурињо работеше со клубови како Реал Мадрид, Челзи, Интер, Тотенхем, Рома и Порто.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата