Моќен, моќен ПСЖ! Дуе и другарите го згазија Интер за прва историска титула во ЛШ! (ФОТО+ВИДЕО)

31.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Моќен, моќен ПСЖ! Дуе и другарите го згазија Интер за прва историска титула во ЛШ! (ФОТО+ВИДЕО)

Во 70.финале во ЛШ, вечерва во Минхен, ПСЖ испиша клупска историја. Конечно пребогатите газди од Катар дојдоа до толку посакуваното „ушле“ во ЛШ. И тоа без Мбапе, без Меси и Нејмар.

ПСЖ – Интер 5:0, тимот на Луис Енрике просто го згазија, го прегазија Интер. Тим кој пред еден месец беше блиску до триплета, остана без ниту еден трофеј за катастрофална сезона 2024/25.

Затоа ПСЖ со триплета и историја.

Хакими, па Дуе, па уште еднаш Дуе за победа, секако и Квича и Мају за триумф на ПСЖ. Со овие 0:4 Интер може да биде и презадоволен зошто со оглед на шансите, можеше да биде и 8:0 па и повеќе. Овој Интер не можеше да се препознае, тоа се виде уште по првите секунди од средбата.

Одамна не сме гледале таква надмоќ во едно финале во ЛШ.

ПСЖ уште на стартот од мечот покажа кој е кој во моментов. Дембел шутираше опасно во таа 10.минута, но Зомер одлично одбрани. Ова само како да навести гол за тимот од Париз. Се играше 12.минута кога една перфектна акција на “светсците“ со гол ја заврши Хакими за 1:0, кој не се радуваше како некогашен играч на Интер.

Веќе во 20.минута ПСЖ успеа да го удвои водството на 2:0 и тоа преку Дуе, но псо голема помош на Димарко кого го удри топката и го измами Зомер.

Очаен Интер, како тимот на Инзаги воопшто да не дојде на ова финале.

Дури некаде после 25.минута нешто почна да игра, но тоа само благодарение на фактот дека составот на Луис Енрике го намали темпото. Во тие моменти Ачерби имаше шанса за 2:1, сепак ништо од тоа.

Со тие 2:0 за ПСЖ заврши првото полувреме. Фуриозен, феноменален ПСЖ и очаен Интер.

Така беше и на почетокот од второто полувреме, кога Кварацкелија во 46. и 50.минута опасно се закани, а во 52.минута и Дембеле имаше супер шанса. Сепак за жал на фановите на ПСЖ немаше гол за 3:0.

Но Дуе покажа како треба, во 64.минута откако Дембеле направи фантастичен потег.

Кварацкелија во 73.минута зголемува на 4:0, очекувано како се одвиваа настаните на “Алијанц Арената“ во Минхен. Но, тоа не беше се, Мају за 5:0. Невидена катастрофа за тимот од Милано.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата