Милан се разделува со тројца и го потврдува Ричи

28.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милан се разделува со тројца и го потврдува Ричи

Екипата на Милан дефинитивно следната сезона ќе биде посилан за репрезентативецот на Италија, Самуеле Ричи. Информациите денеска се дека тој и Милан и официјално се договориле за соработка, а клубот од Сан Сиро се согласил да ја плати сумата од 25 милиони евра на Торино.
Тој е играчот кој што ќе треба да го револуционализира средниот ред на тимот и да се „намести“ во него за следните неколку сезони.

Од друга страна оние кои не успеаа тоа да го сторат во тимот на Милан и кои летово си заминуваат се Кајл Вокер, Жоао Феликс и Рикардо Сотил.

Сите тројца се враќаат во нивните матични клубови, Манчестер Сити, Челзи и Фиорентина, по одработените позајмици.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата