Милан не го откупи договорот на Абрахам, голгетерот се враќа во Рома

29.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милан не го откупи договорот на Абрахам, голгетерот се враќа во Рома
фото: AC Milan (X)

27-годишниот напаѓач Тами Абрахам ја помина минатата сезона во Милан, како позајмен играч од Рома. Како и целиот тим на „росонерите“, тој имаше свои подеми и падови, а сезоната ја заврши со 10 гола и седум асистенции во 45 одиграни натпревари.

Тој настап не беше доволен за да ги убеди челниците на Милан да го откупат неговиот договор, што беше официјално потврдено денес. Имено, Милан ја потврди разделбата со Абрахам, иако го пофалија неговиот настап во објава на социјалните мрежи.

„Двоцифрен број голови и целосна посветеност во секоја минута. Ти благодариме, Тами!“ , рече Милан.

Абрахам, барем засега, се враќа во Рома, со која има договор до јуни 2027 година.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата