Некој ќе рече, а посебно фановите на еден од најголемите клубови во светот…Ова е вистинскиот Милан.
Вечерва во меч од 32.коло во Серија А, Милан како гостин просто го растури Удинезе и тоа среде Удине со 0:4. Според шансите, имаше и поништени голови, Милан можеше да го добие овој меч уште поубедливо, но сепак најважно за стратегот Серџио Консисао дека трите бода се освоени.
А се почна со голот на Рафа Леао во 42.минута за 0:1, серијата голови ја продолжи Павловиќ во судиското продолжение во првото полувреме, па така на пауза се замина со 0:2.
Во второто полувреме Хернандез и Реиндерс ставија точка на оваа убедлива победа на гигантот од Милано кој со овие три бода сега има 51 и се наоѓа на 9.место на табелата во Серија А или -6 во однос на екипите кои се борат за пласман во ЛШ.