Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Мендилибар: Кога дојдов, клубот беше во тежок момент, а сега е на врвот

1 јуни 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тренерот на Севиља, Хозе Луис Мендилибар е на „седмо небо“ откако синоќа тимот по седми пат во својата историја го освои трофејот во Лигата на Европа. По подоборото изведување на пеналите, шпанците ја совладаа Рома, и уште еднаш покажаа дека се експерти за ова натпреварување.

Кога ќе се смири се, ќе се свестиме што постигнавме денес. Лошо го започнавме натпреварот, додека противникот изгледаше удобно на теренот. Во вториот дел направивме промени, но беше тешко. Во продолженијата ништо не се случи, Но, ние имавме среќа во пеналите. Среќен сум што сум тука. Кога пристигнав клубот беше во тежок момент и сега освоивме трофеј. Направивме нешто добро што може да има позитивно влијание за клубот во иднина. Кога тие го одбележаа ни мислев дека ќе биде тешко да им возвратам. Но израмнувањето дојде брзо во вториот дел и тоа ни даде сила да продолжиме да се бориме до крајот на натпреварот. Изведувањето пенал на тренинг и пред 60.000 луѓе прави голема разлика. Немавме искуство со пеналите во претходните кола, и само ги одредив оние на кои им верував во тој момент“, изјави тренерот на Севиља по големиот успех во финалето.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ