Откако и оваа година Фенербахче не ја освои титулата, газдата на клубот Али Коч се спрема за нешто големо за следната сезона. Имено јасно е дека од Фенер си заминуваат Ливаковиќ, Тадиќ, Џеко и уште неколкумина а Фенер сака да доведе навистина екстра фудбалери.
За голманската позиција пикови се Едерсон од Манчестер Сити или светскиот првак Емилијано Мартинез од Астон Вила. Потоа на списокот е Сон од Тотенхем, како и Џонатан Давид од Лил.
Исто така Коч сака да ги задржи Шкрињар и Амбрабат со тоа што ќе ги откупи нивните договори.
Колку е ова реално, останува да се види.