Интер Мајами и Палмеирас одиграа нерешено 2-2 во последното коло од Групата А, а двата тима се пласираа во осминафиналето на Светското клупско првенство. Една од главните приказни на овој натпревар беше средбата помеѓу Лионел Меси (38) и Естевао Вилијан (18), легенда и голем талент.
Меси и Естевао разменија дресови во тунелите на полувремето, а сцената стана хит на социјалните мрежи. Естевао подоцна рече: „Меси ми намигна и нозете ми трепереа веднаш на почетокот од натпреварот. Беше надреално… Тој е идол, пример не само за мене, туку и за целиот свет. Беше огромна чест да го делам теренот со него.“
Естевао е еден од најголемите таленти во светскиот фудбал, а од следната сезона ќе игра за Челзи. Палмеирас го продаде за 34 милиони евра, со бонуси кои би можеле да се зголемат на 60 милиони. Тој игра како крилен напаѓач, а на почетокот на кариерата го доби прекарот Месињо.
🇧🇷🇦🇷 Leo Messi and Willian Estêvão have swapped shirts at half time tonight! pic.twitter.com/IcWZffWrRQ
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 24, 2025