Мбапе сепак нема да биде во составот на Реал Мадрид

21.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мбапе сепак нема да биде во составот на Реал Мадрид

Новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, одлучи да не презема никакви ризици со Килијан Мбапе и Французинот ќе го пропушти вториот натпревар на кралскиот клуб на Светското клупско првенство. Освојувачот на „Златната копачка“ за минатата сезона помина еден ден во болница откако му беше дијагностициран „акутен гастроентеритис“.

Се очекуваше дека може да се опорави за натпреварот против Пачука, на кој Реал ќе бара прва победа на турнирот. Според шпанските медиуми, сепак, Мбапе сè уште не тренирал со тимот и со оглед на високите температури во САД, штабот на „белите“ одлучи да не го форсира враќањето на Мбапе на никаков начин.

Последниот натпревар на Реал од групната фаза на Светското клупско првенство е на 27 јуни против РБ Салцбург во Филаделфија и се очекува Килијан Мбапе тогаш да ги запише своите први минути во САД.

Инаку, шпанските медиуми не очекуваат Алонсо да направи многу промени во споредба со натпреварот со Ал-Хилал. Гонзало Гарсија, кој го постигна голот за Реал на овој натпревар, повторно ќе започне во нападот во отсуство на Мбапе. Винисиус Жуниор и Родриго ќе дејствуваат на двете крила.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата