Марсиал ќе игра во Мексико за Монтереј

11.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Марсиал ќе игра во Мексико за Монтереј

Францускиот интернационалец, Ентони Марсиал, се сели во Мексико. Поточно во тимот на Монтереј, кој што одлучи да го откупи искусниот напаѓач, од тимот на АЕК Атина каде што досега настапуваше.

Марсиал во моментов има 29 години и се уште има што да каже на фудбалските терени, но реално тој одамна не е во формата која што некогаш му се предвидуваше. Далеку е од времето кога Манчестер Јунајтед го сметаше за свој прв напаѓач, иако на Олд Трафорд мина речиси една деценија.

Тој е дете на Лион, играше и во Монако, а мина и една година на позајмица во Севиља.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата