„Марка“: Сензационална трампа во најава – Родриго за Салиба!

16.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Марка“: Сензационална трампа во најава – Родриго за Салиба!

Според шпанскиот весник „Марка“, на повидок е најголемата трансфер размена ова лето. Имено, во обид да го добијат фудбалерот на Реал (М), Родриго, првите луѓе на англиски Арсенал се подготвени во Мадрид да го испратат дефанзивецот Вилијам Салиба.

Ова не звучи невозможно бидејќи кралскиот клуб веќе беше заинтересиран за Салиба, но исто така беше и лондонскиот клуб за Родриго.

На Реал Мадрид му недостасува големо засилување во срцето на одбраната, а Арсенал не е толку задоволен од Габриел Мартинели како прв избор на левото крило. Во наредните денови преговорите треба да се интензивираат, па останува да се види каков ќе биде финалниот резултат.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата