Марчињак: Не е вистина дека Мбапе ми јави за пеналот на Алварез (ВИДЕО)

14.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Марчињак: Не е вистина дека Мбапе ми јави за пеналот на Алварез (ВИДЕО)

Денови минаа, но контроверзата околу пеналот на Хулиан Алварез на мечот Атлетико Мадрид – Реал Мадрид во рамките од 1/8 финалето од Лигата на Шампионите и натаму создава прашина во јавноста.

По редицата коментари, мислења, изјави, конечно се изјасни и самиот арбитар на мечот. Шимон Марчињак даде изјава со која дополнително ја потврдува одлуката која што самиот ја донесе во тие клучни моменти.

Јавноста шпекулираше дека Килијан Мбапе му сугерирал на Марчињак за двојната игра со топката на Алварез што арбитарот го демантира со изјава.

Дали Мбапе ми јави дека Алварез два пати ја удрил токата? Тоа воопшто не е вистина. Јас им јавив на колегите во ВАР дека 99% Алварез два пати ја допре топката. Потоа следуваше деталната анализа и одлуката“ – рече Марчињак.

Самата УЕФА исто така излезе со соопштение во кое што застанува поради судиите на овој меч и ја оправдува нивната одлука како регуларна.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата