Лудило во Мексико: Три црвени картони, голманот му сврти грб на Рамос пред да изведе пенал (ВИДЕО)

14.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лудило во Мексико: Три црвени картони, голманот му сврти грб на Рамос пред да изведе пенал (ВИДЕО)

Мексиканското фудбалско дерби беше сведок на вистинско уживање за сите љубители на фудбалот – натпревар полн со возбудувања со три гола, исто толку црвени картони и неверојатен пресврт на домаќините. Првото полувреме на натпреварот помеѓу Тигрес и Монтереј беше без голови, но вториот дел донесе драматичен исход.

Само неколку моменти по враќањето од паузата, Тигрес остана со десет играчи бидејќи Диего Лаинез доби втор жолт картон, што автоматски значеше исклучување. Монтереј потоа доби пенал, а одговорноста ја презеде искусниот Серхио Рамос.

Рамос постигнa гол од белата точка. Голманот на Тигрес, Гузман се обиде на секој можен начин да му го одвлече вниманието – во еден момент дури и му го сврте грбот непосредно пред да го изведе ударот. Рамос не дозволи да биде одложен. Иако гестикулираше дека ќе шутира паненка, тој на крајот изведе сигурен удар и го доведе тимот во водство.

Сепак, предноста на Монтереј не траеше долго зошто противникот ја искористи предноста од двајца играчи помалку, и победи со 2-1.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата