Оскар Боб за 27 милиони фунти оди во Фулам

28.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Оскар Боб за 27 милиони фунти оди во Фулам
фото: Lyall Thomas @SkySportsLyall (X)

Според „Скај Спортс“, Манчестер Сити и Фулам се договориле за трансфер вреден 27 милиони фунти за 22-годишниот Оскар Боб.

Прецизирано е дека „граѓаните“ ќе добијат и 20% од износот за препродажба на крилниот напаѓач.

Боб игра за сениорскиот тим на Сити од 2023 година. Тој има 47 настапи во сите натпреварувања и постигнато три гола. Оскар има една асистенција во девет натпревари во Премиер лигата оваа сезона.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата