Луди сцени: Трамп го предаде трофејот на Челзи и одби да ја напушти прославата (ВИДЕО)

14.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Луди сцени: Трамп го предаде трофејот на Челзи и одби да ја напушти прославата (ВИДЕО)
Фото: Screenshot: Twitter

Челзи го освои Светското клупско првенство победувајќи го ПСЖ со 3:0 во финалето во Њу Џерси. Сепак, американскиот претседател, Доналд Трамп го украде шоуто. Тој им го додели пехарот на фудбалерите на Челзи, но не сакаше да си замине.

Иако сите мислеа дека Трамп ќе го напушти подиумот, сепак тој остана да прослави. Капитенот Џејмс и Кол Палмер овој момент го дочекаа со неверување.

Потоа претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се обиде да го отстрани Трамп, но ни тогаш не попушти и си замина подоцна.



sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата