Реал (М) ја прокнижи и втората победа во новата сезона од Лигата на шампионите, откако вечерва се „прошета“ на гостувањето во Казахстан и подели „петарда“ во мрежата на Каират за победа од 0:5.
„Кралевите“ евидентно беа подобриот тим уште во првите 45. минути, но на стартот не успеаја да искористат две големи шанси преку Винисиус и Арда Ѓулер. Сепак, во 25. минута, еден непромислен старт на домашниот голман врз Мастантуоно значеше најстрога казна за домашните, која Мбапе ја претвори во гол за водство на Шпанците од 0:1.
Во вториот дел Мбапе по една неверојатна асистенција на Куртоа во 52. минута веќе го одведе Реал на 0:2, додека со својот трет гол во 74. минута по асистенција на Ѓулер, Мбапе на Реал му донесе и високи 0:3. Камавинга со погодокот во 83. минута зголеми на 0:4, а конечните 0:5 беа дело на Брахим Диаз во последната минута од продолжението.
Аталанта успеа да ја запише првата победа во ЛШ сезонава со триумфот над Бриж од 2:1.
Во Бергамо, Бриж иако успешно одолеваше на нападите на домашните во првиот деул, па дури и имаше водство со голот на Цолис во 38. минута, на крајот загуби. Упорните домаќини се изборија за удар од белата точка во 74. минута, кој Лазар Самарџиќ го претвори во израмнување на 1:1, а во самата завршница Пашалиќ со глава ја погоди мрежата на Белгијците за комплетен пресврт и триумф од 2:1.
Atalanta 0-1 Club Brugge – Christos Tzolis 38′
byu/4gjdtokurwa insoccer
Atalanta [1]-1 Club Brugge – Lazar Samardžić penalty 74′
byu/4gjdtokurwa insoccer
Atalanta [2]-1 Club Brugge – Mario Pašalić 87′
byu/4gjdtokurwa insoccer