Германскиот бундеслигаш Баер (Л) се враќа само со бод од гостувањето кај ФК Копенхаген, иако реално, можеше да остане и со празни раце, ако се знае дека домашните двапати водеа, а гостит епрактично до еден бод стигнаа во првата минута од судиското надополнување.
ФК Копенхаген вечерва покажа одличен фудбал и заслужи да ги освои првите бодови во годинешната лигашка фаза на најсилното европско натпреварување. Головите за домашните ги постигнаа Ларсон и Робер, додека Баер (;) двапати израмнуваше преку Грималдо, кој постигна фантастичен гол од слободен удар, а на крајот и среќно по автоголот на Хацидиакос.
Во вториот попладневен дуел, Бриж му отчита лекција на Монако победувајќи со 4:1. Гостите имаа шанса први да го отворат резултатот, но Акључе промаши пенал во 10. минута. Потоа следуваше канонада од домашниот тим, кој со головите на Тресолди, Ониедка и Ванакен замина на пауза со висока предност од 3:0.
Четвртиот гол за домашните го постигна Диахон, додека почесниот гол за Французите беше дело на Ансу Фати.