Првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито, потврди дека е презадоволен од работата на тренерот на тимот и објави дека планира да му понуди нов договор.
Барони има актуелна обврска да го води Лацио до крајот на следната сезона, но 61. годишниот стратег очигледно дека и подолго ќе се задржи на Олимпико.
„Нашиот тригодишен проект започна со Барони и ќе заврши со него. Ќе му го обновиме договорот. Тој сфати дека ротациите се клучот за успехот“, изјави Лотито за Il Messaggero,