Ливерпул во јануари ќе донесе замена за Салах

22.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ливерпул во јануари ќе донесе замена за Салах
Фото: Борнмут Твитер

Ливерпул во јануари тргнува по напаѓачот на Борнмут, Антоан Семењо. Според „Мирор“ и „Енфилд Индепендент“, „црвените“ го гледаат Семењо како соодветна замена за Мохамед Салах, кој со право доби многу критики за неговите лоши перформанси од почетокот на сезоната.

Семењо е еден од најдобрите напаѓачки играчи во Премиер лигата оваа сезона, постигнувајќи шест гола во осум натпревари, вклучувајќи два против Ливерпул на „Енфилд“ во првото коло.

Играчот роден во Англија потпиша нов договор со Борнмут во јули, но се вели дека клубот има откупна клаузула во него. Точната сума е нејасна, но се верува дека „црешите“ ќе бараат на околу 75 милиони фунти за неговата слобода.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата