Флик потврди: Јамал тргнува 100% подготвен за „Ел Класико“

22.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Флик потврди: Јамал тргнува 100% подготвен за „Ел Класико“
Фото: Барселона/Твитер

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ги увери навивачите дека состојбата на Ламин Јамал пред Ел Класико е добра. По убедливата победа од 6-1 над Олимпијакос во Лигата на шампионите, германскиот специјалист потврди дека младата ѕвезда на тимот ќе биде целосно подготвена за натпреварот во недела против Реал Мадрид.

„Тој нема физички проблеми. Во недела ќе видите поинаков Ламин, ќе биде сто проценти подготвен. Минатата година тој се покажа многу добро на големите натпревари и не се сомневам дека ќе го стори тоа повторно“, рече Флик.

Флик по вчерашните 6:1 против Олимпијакос во ЛШ имаше големи пофалби и за настапот на Маркус Рашфорд, кој заработи пенал и постигна два гола на натпреварот против грчкиот тим.

„Според мене, Рашфорд игра многу добро и е важен играч за тимот. Тој е многу брз, добро се комбинира и како што добива самодоверба, ќе станува уште поважен за нас“, рече Германецот.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата