Ливерпул се пофали со Унгарецот: Голема чест е да се игра за најголемиот тим во светот!

26.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ливерпул се пофали со Унгарецот: Голема чест е да се игра за најголемиот тим во светот!
Фото: Ливерпул X

Милош Керкез и официјално е нов фудбалер на Ливерпул, ова го потврдија од клубот на својата официјална странуца. Тој доаѓа од Борнмут, а откако успешно ги мина лекарските прегледи следеше официјализирање на соработката.

Претходно стана познато дека за трансферот на Унгарецот ќе бидат платени 40 милиони фунти.

Минатата сезона, Керкез одигра 38 натпревари во Премиер лигата, постигна 2 гола и имаше 5 асистенции.

„Имам голема чест да настапувам за еден од најголемите клубови со светот и во Англија. Навистина сум среќен и возбуден. Едвај чекам да почнам да тренирам и да се подготвувам за сезоната“, порача Унгарецот на промоцијата. 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата