Ливерпул ќе му го продаде Доак на Борнмут

15.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ливерпул ќе му го продаде Доак на Борнмут
фото: Transfer News Live (X)

Во очекување на вечерашниот старт на новата сезона во Премиерлигата со дуелот меѓу Ливерпул и Борнмут, токму овие два тима се на прагот да реализираат една меѓусебна трансфер зделка. Имено, Борнмут со сигурност ќе го потпише 19-годишниот Бен Доак од Ливерпул за сума од 25 милиони фунти.

Во 2022 година, клубот од Мерсисајд го донесе шкотскиот фудбалер од Селтик за 600 илјади фунти. Бен Доак играше како позајмен играч за Мидлсбро минатата сезона, постигнувајќи три гола и седум асистенции во 24 натпревари во Чемпионшип.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата