Ливерпул и Јуве преговараат: Киеза подготвен за пат кон Торино

5.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ливерпул и Јуве преговараат: Киеза подготвен за пат кон Торино

Федерико Киеза во наредните денови би можел да се врати во Торино. Јувентус ја отвори првата рунда разговори со Ливерпул во врска со евентуалното враќање на Федерико Киеза во Торино, а клучната вест доаѓа од Италија: самиот играч се согласил.

„Бјанконерите“ веќе воспоставија првичен контакт со актуелните шампиони на Англија откако добија зелено светло од италијанскиот репрезентативец, кој е подготвен да се врати на местотот каде што го играше најдобриот фудбал во својата кариера.

Дополнителен мотив за Киеза е можноста за повторна соработка со Лучијано Спалети , сегашниот тренер на Јувентус, под чие водство би можел да се стабилизира и да освои подобра позиција пред Светското првенство во 2026.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата