Тимот на Лидс вечерва во рамките од новото коло од Премиер лигата, успеа на домашен терен да го совлада тимот на Барнли со конечни 3:1, и на тој начин да освои значајни бодови во битката за опстанок и мирен финиш на сезоната.
Домаќинот на овој меч имаше одличен старт, откако Стач успеа да реализира уште во осмата минута.
Во 52. минута Окафор зголеми на 2:0, додека пак само четири минути подоцна, Калверт – Левин веќе направи резултатот да биде 3:0.
По поништениот погодок на Лукар Пиреш, сепак, Чаоруна беше тој кој што погоди за гостите и намали на 3:1.
Лидс со оваа победа има 43 бода и е на седумнаесеттото место, додека Барнли одамна е прогласен за второлигаш.

