Шпанија закажа пријателски дуел против Ирак

1.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шпанија закажа пријателски дуел против Ирак

Пред стартот на претстојното Светско првенство во САД, Мексико и Канада, кое што ќе се одигра летово, репрезенатцијата на Шпанија како и сите останати ќе одигра пријателски мечеви.
„Фуријата“ еден од нив ќе го одигра интересно против репрезентацијата на Ирак, која што имено, последна извади билет за Мундијалот преку баражот со Боливија.

Натпреварот ќе се одигра на 4 јуни на стадионот „Риазор“ во Ла Коруња. Четири дена подоцна Шпанија патува за мексиканскиот град Пуебла, каде што ќе го одигра дуелот против репрезентацијата на Перу.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата