Кудус летово ќе биде мета на три гиганти од Премиер-лигата

22.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кудус летово ќе биде мета на три гиганти од Премиер-лигата

Репрезентативецот на Гана, и најдобар играч во моментов на тимот на Вест Хем, Мохамед Кудус, летово сигурно ќе ги промени клупските бои. Офанзивниот играч за врска ќе биде достапен за околу 60 милиони фунти, сума која што воопшто не е проблем за водечките екипи во Премиер лигата.

Па така, според информациите од Англија, три екипи ќе тргнат сериозно по него, а тоа се Ливерпул, Челзи и Арсенал.

Од друга страна пак, саудискиот Ал Наср, исто така чека можност да го доведе во своите редови, а се знае која е неговата предност. Огромната плата која што ќе му ја понуди.

Кудус инаку афирмацијата во Европа ја доби во дресот на Ајакс од каде што пристигна во Вест Хем.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата