Копа дел Реј 1/4 финале: Столе и Валенсија против Билбао на “Местаља“

19.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Копа дел Реј 1/4 финале: Столе и Валенсија против Билбао на “Местаља“
ФОТО: Valencia C.F/FB

Денеска се одржа ждрепката за 1/4 финалето во Копа дел Реј, или Купот на Кралот во Шпанија. Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски со својата Валенсија за ривал го доби тимот на Атлетик Билбао. Со оглед на тоа дека се игра еден меч, еве голема шанса за Столе и неовите соиграчи да стигнат и до полуфиналето.

Останатите четвртфинални двојки се Албасете – Барселона, Алавес – Сосиедад и Бетис – Атлетико Мадрид.

Мечевите се закажани во термините од 3 до 5 февруари.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата