Ханси Флик по скандалозниот меч со Сосиедад: “Разочаран сум и гневен“!

19.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ханси Флик по скандалозниот меч со Сосиедад: “Разочаран сум и гневен“!
ФОТО: FC Barselona/FB

И дефинитивно фудбалска Шпанија “гори“. Имено секој реален фудбалси фан забележа дека Барселона вчера на гостувањето кај Сосиедад беше оштетена. Барса беше поразена, но во Шпанија, а посебно во Каталонија се вели дека ова бил фудбалски грабеж од страна на судијата Манзано. На гостите им беа поништени три гола, а не беше суден и еден пенал.

Свој коментар даде и капитенот Френки де Јонг, но секако дека во преден план беше изјавата на разгневениот Ханси Флик, тренерот на Барса:

Разочаран сум и гневен. Ова е неправедно, едноставно не е фер. Резултатот воопшто не е одраз на она што се случи на теренот. Бевме убедливо подобар тим. Навистина не сакам да трошам енергија зборувајќи за овој судија. Мислам дека сите на стадионот и пред телевизискиот екран вечерва беа сведоци од прва рака што ни прави овој човек“ посочи Германецот и продолжи…
„Ла Лига генерално има добри судии, а потоа се појавува овој човек. Прочитав неколку коментари за него непосредно пред овој натпревар и јасно е дека сите знаат што му е. Тој е арогантен, се согласувам со Френки, всушност повеќе од арогантен. Ова се истите што ни го направија истото минатата сезона на овој стадион, нели? Исти се и во VAR собата, нели? Одлично си ја завршија работата, ништо“.

Флик истакнува дека во својата кариера никогаш не сретнал судија како него, Манзано.
„Мора да комуницирате со судиите, но со него е едноставно невозможно“, додаде тренерот на Барселона.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата