Конечно малку насмевки во Фиренца!

4.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Конечно малку насмевки во Фиренца!
ФОТО: ACF Fiorentina/FB

Конечно малку насмевки во Фиренца. Фиорентина славеше против Кремонезе на домашен терен со резултат од 1:0 во натпреварот од 18-то коло од италијанската Серија А.
Избраниците на Паоло Ваноли се чини дека решија да влезат во новата година со нови навики, па ја регистрираа својата прва победа во 2026 година и со тоа можеби најавија подобри денови за „Виолетовите“.
Целиот натпревар мина во јалова теренска иницијатива на Фиорентина, која не успеа да го скрши отпорот на гостите, и покрај спорадичните обиди на Париси, Мандрагора и Гудмундсон во првото полувреме.
Во продолжение, Кремонезе возврати преку Варди и Санабрија, на другата страна Пиколи ја пропушти можноста, па се чинеше дека натпреварот ќе заврши без гол.
А потоа во игра влезе Мојсе Кеан, на кого му беа потребни само седум минути за да му донесе голема победа на својот тим.
Се играше втората минута од судиското продолжение кога ударот на Фортини успеа да го одбрани Аудеро, но топката отскокна до Кен, кој ја смести во мрежата.
Ова е втора победа на Фиорентина сезонава во Серија А.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата