Младата ѕвезда на Баерн со шокантна изјава:“Би сакал некогаш да заиграм за Реал Мадрид“! (ВИДЕО)

5.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Младата ѕвезда на Баерн со шокантна изјава:“Би сакал некогаш да заиграм за Реал Мадрид“! (ВИДЕО)
ФОТО: FC Bayern München/FB

Така е кога ќе кажеш нешто што не треба, а посебно кога си играч на Баерн Минхен и имаш само 17 години и си мега – талент, и си љубимец на сите во таборот на баварскиот гигант. Ленарт Карл има само 17 години, но веќе ја носи етикетата на еден од најголемите таленти во светскиот фудбал.
Роден во Фрамерсбах, во срцето на Баварија, целата негова фудбалска кариера е поврзана исклучиво со Германија.
Тој помина низ младинскиот систем на Баерн, стана млад германски репрезентативец и многу рано затропа на вратата од првиот тим на минхенскиот гигант. Токму поради ова, навивачите на Баерн го гледаа како наследник на традицијата на клубот и потенцијален играч кој би можел да ја помине речиси целата своја кариера во црвениот дрес.
Сепак, една несмасна изјава стави сè во прашање. За време на интервјуто и дружењето со навивачите, Карл изговори зборови што требаше да останат приватни.

Баерн е огромен клуб и сон е да се игра тука“, рече младиот напаѓач.
А потоа дојде продолжението што ги шокираше присутните.
„Но, во одреден момент дефинитивно сакам да одам во Реал Мадрид. Се надевам дека ова ќе остане меѓу нас.“
Иако јасно стави до знаење дека зборува искрено и без лоши намери, видеото од тој момент набрзо се појави на социјалните мрежи. Реакцијата на навивачите на Баерн беше бурна и немилосрдна. За многумина, Карл кажа што е непростливо во Минхен – сонот да оди во Реал Мадрид, и тоа јавно.
Сепак, оваа изјава ја уништи романтичната идеја дека може да ги следи стапките на Томас Милер и да остане симбол на клубот.Останува да се види како навивачите ќе се однесуваат кон него по овој настап и дали оваа епизода ќе има долгорочни последици.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата