КЛАДЕЊЕТО ЗА НОВИОТ ПАПА ГИ НАДМИНА ЛИГАТА НА ЕВРОПА И ФОРМУЛА 1 - 50 пати повеќе е вложено сега отколку за конклавата во 2013 година

8. 05. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КЛАДЕЊЕТО ЗА НОВИОТ ПАПА ГИ НАДМИНА ЛИГАТА НА ЕВРОПА И ФОРМУЛА 1 - 50 пати повеќе е вложено сега отколку за конклавата во 2013 година

Досега, во обложувалниците се инвестирани 50 пати повеќе пари кога станува збор за избор на нов папа отколку за време на претходната конклава во 2013 година, кога покојниот папа Франциск беше избран за поглавар на Римокатоличката црква.

Веб-страниците Полимаркет, Калши и Бетфер, кои овозможуваат обложување на настани толку различни како што се ПСЖ и Арсенал или инвазијата на Индија врз Пакистан пред јули, регистрираа облози од над 19 милиони долари за идентитетот на идниот папа.

Портпаролот на британската обложувалница Вилијам Хил изјави дека тоа е „најактивниот“ пазар за обложување кое не е поврзано со спорт, пренесува BFM.

Според Сем Итон, директор на „Одшекер“ за Велика Британија, облозите за Папата ги надминаа оние за Лигата на Европа и Шампионатот за возачи во Формула 1 во последните недели.

„Еден обложувач дури отиде дотаму што вложи 30.000 фунти (повеќе од 35.000 евра)“, рече Итон.

Според различни платформи, Италијанецот Пјетро Паролин е голем фаворит.

Тој води пред Филипинецот Луис Антонио Тагле, додека кардиналите Питер Турксон, Матео Купи и Пјербатиста Пикабала се зад нив.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата