Хујсен уште вечерва ќе потпише за Реал

16.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хујсен уште вечерва ќе потпише за Реал
фото: AFC Bournemouth (X)

Дин Хујсен е многу блиску до офцијализација на договорот со Реал Мадрид. Тој вечерва е на прегледи во Лондон и наскоро треба да биде официјализиран неговиот трансфер во редовите на „кралевите“.

Претходно стана познато дека мадридскиот клуб ќе го купи дефанзивецот активирајќи ја клаузулата за ослободување во износ од 50 милиони фунти која Хујсен ја има со неговиот актуелен клуб, Борнмут.

Според новинарот на „Скај Спорт“, Кавех Солекол, претставниците на фудбалерот се уверени дека денес ќе се договорат за сите услови од договорот, а Шпанецот ќе потпише петгодишен договор со „кралскиотклуб“ и ќе му се приклучи пред почетокот на Светското клупско првенство.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата