Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Холандија без една од ѕвездите на ЕП – се повредил на загревање, неговата замена го прекина одморот на Миконос

11 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Проблеми за Холандија пред стартот на ЕП 2024. Репрезентативецот Теун Копмајнерс поради повреда ќе го пропушти Европското првенство, соопшти ФС на Холандија. Тој се повредил за време на загревањето во пресрет на пријателскиот меч со Исланд кој Холанѓаните во Ротердам го добија со 4:0.

А селекторот Роналд Куман соопшти дека поради повреда ЕП ќе го пропушти и Френки де Јонг. А Куман дополнително го повика фудбалерот на Борусија Дортмунд, Јан Матсен, кој ќе му се приклучи на националниот тим пред стартот на ЕП. Тој отпадна од првичниот список на фудбалери по што си заминал на одмор на Миконос, Грција. По повикот од Куман, ќе го прекине одморот за да игра на ЕП.
Холандија на ЕП ќе има на располагање 25 фудбалери.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ