Хаос на дербито во Либија, претепан судија, и запален гостински автобус

19.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хаос на дербито во Либија, претепан судија, и запален гостински автобус

Дека дерби мечевите низ светот знаат да добијат насилна конотација не е непознаница. Дека истите може да бидат прекинати поради инцидент е секојдневна појава. Но она што се случи во Либија на дуелот во Триполи помеѓу екипите на Ал Ахли и Ал Итихад, заслужува внимание.

Дуелот беше прекинат од страна на домашните навивачи и клупата за резерви, затоа што гостите според нив недолично го прославувале голот. Хаосот кој беше создаден доведе до тоа португалскиот судија, Фабио Хозе Коста, кој ја делеше правдата да биде претепан, а гостинскито автобус запален.

Играчите и претставниците на Ал Итихад некако извлекле „жива глава“ од стадионот, а колку и на каков начин домаќинот ќе биде казнет ќе видиме наскоро.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата