Се чини дека нема веќе непознати околу тоа кои двајца голмани ќе бидат во Барселона за следната сезона. Познато е дека по враќањето од повредата, Тер Штеген би требало да биде пак прв голман, но што ќе се случува со Војчех Шчесни и Инаки Пења, кои се менуваа на голот додека Германецот беше во аут. Веднаш да кажеме дека искусниот полски голман во последно време брани фантастично.
Според медиумите во Каталонија, Ханси Флик одржал состанок со сите тројца и кажано им е дека Тер Штеген и Шчесни остануваат, а дека Пења би можел да си оди со оглед на тоа нема да се смета не неговите услуги.
Ова значи дека на Шчесни ќе му се понуди нов едногодишен договор, Тер Штеген ќе биде прв голман, што и за очекување, а Пења ќе си побара нова средина.