Халанд не може да биде капитен на Сити зошто постигнува премногу голови!

12.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Халанд не може да биде капитен на Сити зошто постигнува премногу голови!
ФОТО: Manchester City/FB

Менаџерот на Манчестер Сити, Енцо Мареска, изјави дека нема намера да му ја предаде капитенската лента на Ерлинг Халанд бидејќи Норвежанецот постигнува премногу голови. Халанд се смета за нов капитен на тимот по заминувањето на Бернардо Силва и очекуваниот трансфер на Родри. Сепак, Мареска ја отфрли можноста да му ја предаде капитенската лента на својот водечки стрелец.

Во Лестер и Челзи имав правило: кога ќе постигнеме гол, капитенот доаѓа кај мене за тактички инструкции, а не за да слави. Но, ако тој е стрелец на головите, тогаш секако дека може да слави. Значи, ќе имаме голем проблем ако Ерлинг е капитен“, рече италијанскиот менаџер.

Интересно објаснување на менаџерот на Сити. Па така, ако Норвежанецот сака да биде капитен ќе мора да престане да постигнува голови. Барем според замислите на Мареска.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата