Емре се враќа на кормилото на Фенербахче

3.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Емре се враќа на кормилото на Фенербахче

Фенербахче официјално го назначи Емре Белезоглу за нов тренер на тимот. Турскиот клуб ја потврди информацијата, со што 46-годишниот стратег се враќа во истанбулскиот гигант, каде што претходно настапуваше како фудбалер, а работеше и како спортски директор и тренер.

Белезоглу доаѓа на местото на Исмаил Картал, кој си замина од функцијата по поразот во дербито со Галатасарај. Фенербахче претходно преговараше со Серхио Консеисао, но не беше постигнат договор.

Белезоглу последно беше на клупата на Касимпаша, а во тренерската кариера работеше и во Истанбул Башакшехир, Анкарагучу и Анталијаспор.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата