Хајди Клум, Никол Шерцингер, Роби Вилијамс…на ждрепката за СП 2026! (ФОТО)

3.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хајди Клум, Никол Шерцингер, Роби Вилијамс…на ждрепката за СП 2026! (ФОТО)
ФОТО: Heidi Klum/FB

Во петок од 18 часот во Вашингтон, ќе се одржи ждрепката за групната фаза за СП 2026 кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули следната година во САД, Канада и Мексико.

ФИФА сака уште на ждрепката да направи спектакл, тоа ќе биде гламурозен настан а за тоа ќе се погрижат светски ѕвезди како Хајди Клум, Никол Шерцингер, Кевин Харт, Роби Вилијамс, Адреа Бочели, Дени Рамирез.

Да кажеме и тоа дека Хајди Клум по вторпат ќе биде на ваква ждрепка, претходно беше главна водителка на ждрепката за СП 2006 година кое се одржа во нејзината Германија.

Инаку за првпат на едно СП ќе има 48 селекции кои ќе бидат поделени во 12 групи, а веќе утредента, во сабота, исто така со едно спектакуларно шоу ќе биде познат распоредот и сатницата на сите средби од групната фаза на овој Мундијал.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата