Тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, беше задоволен од победата од 2-0 над Удинезе во осминафиналето од Купот на Италија.
„Одигравме добар натпревар, сè направивме добро. Бевме избалансирани, ги искористивме нашите шанси и создадовме многу шанси“, рече Спалети.
„Можевме подобро да се справиме во одредени ситуации и со оглед на нивото на кое се наоѓаме, мораше да ги искористиме. Мора да бидете жестоки и немилосрдни. Вистински лав ја дава сета своја сила, дури и против глушец“, продолжи поранешниот селектор на Италија.
Спалети беше запрашан и за неговото мислење за настапите на напаѓачите Џонатан Давид и Лоис Опенда. Ниту еден од нив немаше среќа да постигне гол, бидејќи нивните голови беа поништени поради прекршоци.
„Тие се двајца централни напаѓачи. Ако разговарате со нив, ќе ви кажат дека таму се чувствуваат најдобро на теренот. Давид е многу добар технички и добро се поврзува со тимот. Одлично се движи во шеснаесетникот кога тимот игра против низок блок и знае како да се справи со тешки ситуации. Опенда е подобар во нападот од длабочина, му треба простор, но тие се надополнуваат еден со друг и можат да играат заедно. Среќни сме што се снаоѓаат добро“, објасни Спалети.

